Бекам го подготвува омиленото јадење само кога Викторија не е дома!

104

Поранешен англиски фудбалер и актуелен претседател и косопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам беше гостин во подкастот „Табела 4“ на Рути. Во него тој откри повеќе детали од приватниот живот. Меѓу другото, тој кажа и кое јадење му е најголема слабост, а истото го подготвува само кога неговата сопруга Викторија е отсутна.

“Минатиот викенд бев сам дома и бев многу среќен. Си зготвив голема Т-коска и вагју стек, тоа е моето омилено јадење. Бев среќен, си ставив чаша врвно црвено вино и знаев дека ќе гледам фудбал цело попладне. Ги свртев и двата стекови на скара само пет или шест минути. Шницлите испаднаа совршени. Ова можам да го правам само кога жена ми не е дома. За жал, се оженив со некој кој го јаде истото 25 години – печена риба и зеленчук на пареа”, откри Бекам.

ПретходноПогледнете како Мурињо реагираше на новинарско прашање (ВИДЕО)
СледноПелистер најави атак на титулата: „Зелената армија“ ништо не може да ја спречи!