Во Лигата на шампиони се одигра последното коло, веќе се познати сите патници за осминафиналето. Веспрем, Барселона, Спортинг и Алборг ќе ги чекаат своите противници во четвртфиналето.
Патот до Келн, односно фајнл-фор завршницата секогаш е „пеколен“, така и ќе биде и сега. Во битката за место во 1/4 финале ќе се сретнат Фуксе Берлин и Динамо Букурешт, а нив ќе ги чека Веспрем. ПСЖ ќе игра против Пик Сегед, подобриот од оваа пресметка ќе ги одмери силите со Барселона. Висла Плоцк ќе игра против Нант, победникот ќе вкрсти со Спортинг Лисабон, додека пак Кјелце ќе се соочи со Фуксе Берлин, подобриот од ова двојка оди на Алборг.
Осминафиналните мечеви на програмата се закажани за 26. април, реваншите се седум дена подоцна.