Македонската женска ракометна репрезентација во рамките на ЕХФ недела ќе одигра два пријателски натпревари против Србија. Првиот меч е закажан за денеска (17 часот) во Бор, а директен пренос ќе има на РТС. Реваншот на програмата е веќе утре.
Србија во составот ги врати Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Катарина Крпеж и Катарина Томашевиќ, па за селекторот, Кристијан Грчевски и неговите избранички двата дуели ќе бидат вистински предизвик.