Нови проблеми за Аморим: Сопругата Марија никако не може да се аклиматизира на студениот Манчестер!

598

Малку му се проблемите со тимот на Манчестер Јунајтед, ако се знае дека гигантот од “Олд Трафорд“ има очајни резултати во ПЛ, сега Рубен Аморим има и семејни проблеми. Како што пренесуваат медиумите на Островот, сопругата на Рубен, Марија Жоао Диого никако не можела да се аклиматизира во студениот Манчестер. Таа имала замерки и на постојаниот дожд во овој град во Англија.

Да потсетиме дека семејството Аморим во Манчестер дојде пред 5-6 месеци и тоа од сончевиот и преубав Лисабон.

Марија е успешна дизајнерка, која со својот сопруг се пресели заедно со нивните две деца, а во брак со Рубен се од 2013 година.

ПретходноРазочарување во Тотенхем: Нема простор за оправдувања!
СледноПознати двојките за Ф4 турнирот од Купот на ОФМ: Скопско дерби во полуфиналето кај дамите