Андреас Трајковски е 8-ми во Европа!

894

Браво за нашиот Андреас Трајковски кој на ЕП во сала, кое се одржува во Апелдорн (Холандија)м во скок во далечина, се пласира на 8-то место. Значи Македонија има свој атллетичар кој е осми во Европа.

Трајковски вечерва настапи во финалето во оваа дисциплина и успеа да скокне со најдобар скок 7.65 метри во третата серија. Тој во финалето во три наврати имаше престап.

Треба да се каже дека сите финалисти кои заедно со Македонецот, вечерва се најдоа во големото финале во оваа дисциплина, беа со далеку подобар ранкинг на Европската листа.

Да се потсетиме дека вчера во квалификациите, Андреа успеа да скокне 7.85 метри со што постави нов македонски рекорд.

ПретходноНеверојатно: Франција ќе инвестира 780 милиони евра за СП на кое нема да биде домаќин!
СледноОмерагиќ: Имаме допис од УЕФА, во кој се посочени личности за кои има сомнеж дека имале преземано сомнителни дејствија! (ВИДЕО)