Како што и беше најавено, од денеска Фудбалската федерација доби нов спонзор во името на Гранд Ауто. Новото партнерство беше денеска промовирано од страна на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.
Инаку ФФМ добива десетина возила за своите потреби и сето тоа благодарение на Гранд Ауто, кој што е официјален застапник на Ford, Hyundai, MG Motor i Chery за Македонија.
Секако дека Омерагиќ изрази голема благодарност до новиот спонзор:
“Ни претставува задоволство што нашата репрезентација и Куќата на фудбалот добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. ФФМ досега никогаш нема партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но се гледа дека ги менуваме работите . Промените почнаа да се случуваат, ќе продолжат да се случуваат и се во интерес на македонската фудбалска репрезентација и за подобро функционирање на Фудбалската федерација на Македонија. Голема благодарност до Гранд Ауто и директорот Дрито Заири за оваа овозможена соработка. Се надевам дека сега ќе имаме еден пример како треба да се соработува. Како тоа да се поамага на спортот, и со тоа да покажеме дека сите имаме заеднички интерес и со тоа заедно да се радуваме на понатамошни успеси и да се надеваме дека сите заедно со Гранд Ауто и граѓаните на Македонија ќе се радуваме на новите победи на нашата репрезентација“ истакна покрај другото Омерагиќ.
Своето задоволство го истакна и генералниот директор на Гранд Ауто, Дитон Заири:
“Со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со ФФМ, најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на федерацијата“.
Во знак на благодарност за ова партнерство, првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ му подари специјален репрезентативен дрес на генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири. Од своја страна пак Заири на Омерагиќ му предаде симбиоличен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.