Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, а денеска тв-аналитичар, Џејми Карагер го нарече сегашниот Манчестер Јунајтед најлошиот во неговиот живот.
„Ова е најлошиот Манчестер Јунајтед што сум го видел во животот. Најмалку што можеше да се очекува по доаѓањето на Аморим е дека тимот ќе изгледа подобро отколку додека беше Тен Хаг. Тоа не се случи. Играчите не реагираа баш најдобро на методите на Аморим. Има ли еден играч кој изгледа подобро отколку што изгледаше кога тимот го водеше Тен Хаг? Во еден од најголемите светски клубови или се расте или умира, а Аморим моментално тлее на брановите на просечноста. Навивачите имаат целосно право да очекуваат многу повеќе“, напиша во колумната поранешниот дефанзивец на Ливерпул.