Карло Анчелоти нема намера да го напушти кормилото на Реал (М) ниту по завршувањето на тековната сезона. Иако претходно на големо се зборуваше дека Анчелоти ја завршува својата работа во Мадрид во јуни оваа година, а на негово место ќе дојде актуелниот тренер на Баер (Л), Чаби Алонсо, по се изгледа, Италијанецот не е подготвен за заминување.
„Атлетик“ објави дека Анчелоти навистина сака да продолжи да го води Реал Мадрид следната сезона. Иднината на Италијанецот во Мадрид може да биде обезбедена со освојување на Ла Лига или Лигата на шампионите. „Атлетик“ пишува дека отказот на Анчелоти по ваков трофеј би бил „незамислив“.
Анчелоти и неговиот штаб се фокусирани на работата и воопшто не се осврнуваат на гласините за заминување.