Крај на сагата: Кимих останува во Баерн до 2029 година!

70

Сапуницата околу иднината на Џошуа Кимих во Баерн се чини дека е при крај. И покрај интересот на Пари Сен Жермен во пресрет на летниот преоден рок, сестраниот германски играч ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен.

Според информациите кои овој четврток ги објави Скај Спорт Германија, а потоа ги потврди и инсајдерот Фабрицио Романо, новите преговори меѓу управата и опкружувањето на 30-годишниот играч резултирале со нов договор.

Кимих ќе стави параф на нов договор со германскиот гигант со важност до 2029 година.

ПретходноНеверојатно: Хусанов е прогласен за најдобар играч на Сити за февруари! (ФОТО)
СледноРазочарување во Тотенхем: Нема простор за оправдувања!