Лука Дончиќ и Леброн Џејмс го наполнија кошот на Никс (ВИДЕО)

554
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Откако Лука Дончиќ дојде во Лос Анџелес Лејкерс, тимот има само два порази од почетокот на неговиот мандат. Дончиќ и Леброн Џејмс по двата горенаведени порази ги повлекоа конците и забележаа ни помалку ни повеќе туку осум последователни победи, враќајќи ги Лејкерси на врвот во Западната конференција.

Сега го совладаа Њујорк Никс со 113:109 по продолжение на благодарение на тандемот, кој е тешко да се запре.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 32 поени, седум скока и 12 асистенции за 44 минути на теренот. Леброн Џејмс постигна 31 поен, 12 скока и осум асистенции за исто толку минути на теренот како и словенечкиот кошаркар со нешто подобар процент на поени од поле.

На Никс не им помогна ниту играта од соништата на Џејлен Брансон. Брансон беше незапирлив со 39 поени и 10 асистенции при 50% шут од поле.

Орландо Меџик – Чикаго Булс 123:125

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 124:118

Бостон Селтикс – Филаделфија 76ерс 123:105

Бруклин Нетс – Голден Стејт Вориорс 119:121

Њу Орлеанс Пеликанс – Хјустон Рокетс 97:109.

ПретходноПогледнете го скокот на Андреас Трајковски за историја (ВИДЕО)
СледноПогледнете како Мурињо реагираше на новинарско прашање (ВИДЕО)