Пелистер ја заврши својата авантура во Лигата на шампиони. За разлика од минатата сезона, актуелниот македонски првак може да се пофали со добри игри, во групната фаза освои осум бода и заврши на седмото место.
На последниот меч, избраниците на Раул Алонсо беа поразени од ПСЖ на домашен терен со 26-35, но и покрај ова во клубот се задоволни од играта која ја прикажаа синоќа.
Битолчани сега целосно ќе се насочат кон домашните обврски, а тука ги чека одбрана на тронот. Уште синоќа најавија дека титулата е главна цел, веруваат дека имаат доволно квалитет.