Погледнете како Мурињо реагираше на новинарско прашање (ВИДЕО)

108

Фудбалерите на Фенербахче беа поразени со 1:3 во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа на домашен терен против Ренџерс. Турскиот тим имаше 64 отсто посед и 23 удари кон голот, а на реваншот за една недела ќе треба да се обидат да ја надополнат негативата од два гола.

Тренерот на турскиот тим Жозе Мурињо стана вирален хит на социјалните мрежи поради неговата реакција за време на прес-конференцијата по натпреварот. Не се ни обиде да сокрие дека му е доста од прашањето кое со преводот од турски на англиски траеше 45 секунди.

Мурињо прво внимателно слушаше, а потоа изразот на лицето почна да укажува дека прашањето е предолго. Бидејќи траеше 20 секунди, тој ја спуштил главата во десната дланка, ги затворил очите и почна да се преправа дека спие.

 

ПретходноЛука Дончиќ и Леброн Џејмс го наполнија кошот на Никс (ВИДЕО)
СледноБекам го подготвува омиленото јадење само кога Викторија не е дома!