Познати двојките за Ф4 турнирот од Купот на ОФМ: Скопско дерби во полуфиналето кај дамите

107

Денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните парови од завршниот турнир од Купот на ОФМ во женска конкуренција. Одбојкарките на Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ ќе се соочат во второто полуфинале кај дамите, закажано за в петок (4 април) од 19 часот, што судејќи според досегашните меѓусебни дуели ќе биде еден од највозбудливите натпревари во салата „25 Мај“ во Радовиш.

Претходно, во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочат Наковски Волеј и Фит Фан Волеј. Патот до куп-трофејот во женска конкуренција е отворен, откако бранителот на трофејот Струмица беше елиминиран во осминафиналето.

Тридневната куп-програма стартува ден порано, на 3 април, кога се играат машките полуфиналиња. Во првото полуфинале бранителот на пехарот Штип УГД ќе се соочи со Работнички 71&22 од 16 часот, додека Струмица 47&72 ќе игра со Борец во второто полуфинале од 19 часот.

Одбојкарска федерација на Македонија заедно со општина Радовиш како технички организатор од 3 до 5 април во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Купот во машка и женска конкуренција.

КУП НА ОФМ 2025

ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025)

ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 16:00ч.

СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ 19:00ч.

ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025)

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 16:00ч.

РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 19:00ч.

ФИНАЛЕН ДЕН, САБОТА (05.04.2025)

ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч.

ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч.

ПретходноНови проблеми за Аморим: Сопругата Марија никако не може да се аклиматизира на студениот Манчестер!
СледноКарло Анчелоти нема намера да си оди од Реал (М) и ова лето