Факт е дека Елиф Елмас многу бргу и тоа како се адаптира во својот нов клуб, Торино, по враќањето во Серија А. Со своите голови и одлични игри веднаш стана миленик на фановите на “биковите“, а раководството на клубот уште сефа сака да го откупи неговиот договор со Лајпциг и од јуни па натаму да го има во своја сопственост македонскиот Дијамант.
Инаку тренерот Ваноли нема да не одржи прес а да не го пофали Елмас, така и сега пред утрешниот дуел со Парма:
“Јас сум задоволен од него, од тоа што покажува, но сметам дека може да биде уште подобар. Прашање е дали е во форма. Секако дека очекував придонес од него, тој е одличен фудбалер со одлична техника, и затоа на моменти изгледа дека не трча премногу“ рече Паоло Ваноли.