Капитенот на Тотенхем Хеунг-Мин Сон по поразот од АЗ Алкмар со 0-1 во Лига Европа беше доста самокритичен бидејќи тој и неговите соиграчи беа под секое ниво.
„Не беше ни блиску до настапот што требаше да го прикажеме. Мислам дека не бевме премногу претпазливи, секогаш е тешко да се игра на гости во Лига Европа. Не создадовме ништо опасно во првото полувреме. Бевме премногу невнимателни и не одигравме како што треба”, изјави фудбалерот на Тотенхем.
Мин Сон не криеше дека се разочаран потенцирајќи дека нема оправдување за лошиот настап.
“Сите сме разочарани од себе и од нашиот настап како тим. Нема оправдување, едноставно не одигравме доволно добро. На 0-1, сепак, сè уште ништо не е решено, па следната недела треба да се собереме и да играме многу подобро”, заклучи крилниот напаѓач.