Време е за медал, време е за нова историја на ЕП: Андреас Трајковски ќе „лета“ за сите нас!

584
Фото: afmacedonia

Андреас Трајковски дојде до историски подвиг со пласманот во финалето на Европското првенство во сала. Со својот фантастичен скок од 7.85 метри кој е воедно и нов македонски рекорд во сала, Андреас го обезбеди 7-то место во квалификациите и успеа да испише историја како првиот Македонец кој се пласирал во финале на Европските првенства во атлетика.

Финалето е закажано за вечерва (20:30 часот) во Апелдорн, Холандија.

Борбата за медал е момент што ќе остане врежан во македонската спортска историја, бидејќи до сега никогаш нашата земја не се пласирала на едно финале на едно ЕП во атлетика.

ПретходноПелистер најави атак на титулата: „Зелената армија“ ништо не може да ја спречи!
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.З. од Гостивар освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од 7.040.573 денари