Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон без скромност изјави дека оваа сезона Ферари го има најдобриот возачки пар во историјата на натпреварувањето.
Новиот возач на „црвените“ смета дека тој и неговиот тимски колега Шарл Леклер во моментов претставуваат најсилниот Ф1 пар кој некогаш го имал некој тим во најсилното авто-мото натпреварување.
„Ние сме веројатно најсилниот тимски пар во историјата на Ф1“, рече седумкратниот светски шампион.