Атанасијевиќ во „аут“ поради повреда, на негово место Кузманоски во составот на Македонија

191

Македонската ракометна репрезентација има пред себе квалификациски предизвик, во името на репрезентацијата на Словенија. Истата ја пречекуваме на 12 март во салата Борис Трајковски, а ние по одличниот настап на Мундијалот сега се обидуваме да го изненадиме реално фаворитот во оваа кампања, кој засега има две победи од два меча.

Селекторот Кирил Лазаров има проблеми за време на подготовките за овој дуел затоа што поради повреда на Петар Атанасијевиќ нема да може да смета на искусниот играч за овој дуел.

Наместо него, дополнителен повик добива Цветан Кузманоски. Мечот со Словенија е во рамки на третото коло во квалификациите. Македонија досега има една победа против Естонија и еден пораз од Литванија на гостински терен.

ПретходноКуманово по рехабилитација, во Гевгелија реприза на Куп-финалето
СледноШвајцарците повторно несопирливи во спуст