Ако Баерн Минхен на свој терен поведе со 2:0 по само половина час игра, огромна е веројатноста дека тој меч завршува во негова корист. Епа денеска имаме обратен пример. „Баварците“ во рамките од новот Бундес коло поведа по 28. минути игра на свој терен против Бохум со 2:0, а на крајот загубија со 2:3. Гуереиро на два пати погоди во противничката мрежа, намали Медиќ, но веројатно клучниот момент беше црвениот картон за Палиња пред полувремето.
Во вториот дел следуваше комплетен пресврт на гостите. Сисоко израмни на 2:2, а Матуш Беро го комплетираше пресвртот.
Леверкузен исто така шокираше со својот домашен пораз, од 0:2 против тимот на Вердер Бремен. Ништо подобар ниту Дортмунд кој што загуби од Аугзбург со 0:1, додека пак Холстен Кил исто така не ја искористи ситуацијата пред своите гледачи па одигра реми против Штутгарт 2:2.
Волфсбург и Сент Паули осиграа 1:1.