Неверојатната Федерика Брињоне денеска во рамките од Светскиот куп ја оствари деветтата победа. На велеслаломот во Оре таа триумфираше со време од 1:52:67 пред Алис Робинсон од Нов Зеланд која што заостана 1:36 стотинки.
На третата позиција со заостанување од 1.43 стотинки се најде Лара Колтури од Албанија.
На овој начин италијанката уште повеќе ја зголеми својата предност во генералниот пласман со вкупно 1194 поени, додека на втората позиција е Лара Гут Бехрами. Трета е Фофиа Гоџиа.