Денеска од 14 часот на програмата се сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Како што се наближува финишот на тековната сезона, така е се поинтересно, посебно за врвот.
Македонија ЃП е пред голем предизвик. Лидерот има тешко гостување во Македонска Каменица кај Саса. Тука се е можно.
Осогово и Брегалница играат во Кочани, ова е и соседско или дерби на истокот. Под Маркови Кули во Прилеп, екипата на Победа се среќава со Беласица со надеж дека ќе освои нопви бодови.
Второпласираниот Башкими го дочекува Охрид и јасно е дека оди по целиот плен.
На останатите средби се среќаваат Вардар (Н) – Кожув, Скопје – Детонит, Вардарски – Борец и Новаци – Арсими.
ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Неготино: Вардар (Н) – Кожув
Скопје: Скопје – Детонит
Кочани: Осогово – Брегалница
Богданци: Вардарски – Борец
М.Каменица: Саса – Македонија ЃП
Новаци: Новаци – Арсими
Прилеп: Победа – Беласица
Куманово: Башкими – Охрид
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 44, Башкими 42, Брегалница 40, Арсими 36, Саса 31, Охрид 31, Детонит 29, Скопје 29, Кожув 27, Беласица 22, Победа 21, Новаци 20, Вардар (Н) 20, Осогово 13, Борец 10, Вардарски 5