ВМФЛ 20. КОЛО: МЃП само до реми во Каменица, Башкими се израмни на врвот

695

Тукушто заврши 20. рунда од ВМФЛ шампионатот на Македонија. Во него, лидерот Македонија ЃП не успеа да слави на гостувањето кај Каменица Саса и одигра само 0:0.

Од друга страна пак тимот на Башкими на свој терен суверено триумфираше над Охрид со 3:0, додека пак Беласица со 0:1 славеше во Прилеп кај Победа.

Во источното дерби, тимот на Брегалница победи над Осогово со 1:2, додека пак во битката за дното, Вардарски го совлада Борец на свој терен со 2:0.

Арсими пак немаше поголеми проблеми на гостувањето кај Новаци и победи со 0:2.

Со ова, ситуацијата во второлигашката конкуренција и тоа како се комплицира. Досегашниот суверен лидер, тимот на Македонија ЃП веќе трет пат пролетва киксира, и по поразите од Башкими и Победа, еве сега одигра и реми во Каменица. Од друга страна Башкими тоа го користи, па сега заедно со МЃП има идентичен број на бодови на врвот, 45. Брегалница е трета со два поба помалку, додека Арсими е четврти со 39. поени.

Резултати 20. коло ВМФЛ:

Каменица Саса – Македонија ЃП 0:0

Башкими – Охрид 3:0

Осогово – Брегалница 1:2

Победа – Беласица 0:1

Вардарски – Борец 2:0

Вардар Н. – Кожуф 0:2

Новаци – Арсими 0:2

Скопје – Детонит Плачковица 2:2

 

ПретходноНотингем Форест со триумф против Сити (ВИДЕО)
СледноКочоски во друштво на најиздржливите – ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман“!