Во Минхен почнува операцијата “Вирц“: Баерн добива помош од Саудиска Арабија!

280

Сега веќе дефинитивно Баерн Минхен не се откажува од Флоријан Вирц, моментално најдобриот германски фудбалер, напаѓач на Баер Леверкузен. И не само што не се откажува, туку овој клуб ја стартува операцијата “Вирц“ и тоа со помош од Саудиска Арабија. Звучи интересно, ако се знае дека клубови како Манчестер Сити е подготвен да даде и 200 милиони евра за овој фантастичен напаѓач.

Имено Баерн Минхен ќе прифати една од понудите од Саудиска Арабија за Кингсли Коман, ќе го пушти да си оди во замена за околу 50 милиони евра за него. Тоа секако дека е добро за Саудијците, а и за Баерн кој со овие пари, но и со плус 100 милиони евра би дошол до потписот на Вирц.

Од таборот на “баварците“ во неколку наврати истакнаа дека немаат намера да дадат повеќе од 100 милиони евра за Вирц, токму затоа и оваа комбинација со Коман во Саудиска Арабија.

ПретходноЃекереш сака да си оди од Спортинг!
Следно“Никогаш не сум го видел Леброн вака среќен со Лука во тимот“!