Деби на Брестовац со 10 одбрани, Пелистер убедлив против Бутел

147

Пелистер не дозволи изненадување во домашниот шампионат, пред своите навивачи го совлада Бутел Скопје со 34-25 во меч од 21 коло во Супер-лигата.

На голот на актуелниот македонски првак, дебитираше Давид Брестовац и тоа со десет одбрани. Талески имаше 10 гола, додека Манасков седум лај победникот. На другата страна Шолиќ запиша шест гола.

Бутел Скопје беше рамноправен во првите 20 минути по што влезе во серија на грешки, па домаќинот на одморот замина со позитива од 19-13.

Претходно, Тиквеш не успеа да дојде до целиот плен против Струга, овој дуел заврши без победник 25-25.

ПретходноВлаховиќ брзо ќе биде заборавен, Јуве тргнува по Осимен!
СледноПСЖ го распарчи Рен на негов терен!