Иако работите на изградбата на новиот “Камп Ноу“ доцнат, сепак се гледа крајот што се вели. Фотографијата како тоа изгледа новиот стадион е доказ дека во моментов се места седиштата, досега поставени се 39.000. Кога ќе биде во целост готов “Спотофај Камп Ноу“ ќе изглефа величенствено и ќе биде убедливо најголем во Европа со 105.000 седишта.
Се очекува Барса да заигра од следната сезона, но со капацитет од 60.000 седишта со оглед на тоа дека на горните катови од трибините сеуште ќе изведуваат работи. Во моментов ангажирани се 3.000 работници и се работи 24 часа шест дена во неделата.