Елиф не застанува, нов гол за Торино на гостувањето кај Парма (ВИДЕО)

691

Очигледно дека Елиф Елмас не требаше никогаш да си замине од Италија. Затоа што се што пропушти во кариерата за време на мандатот во Ред Бул Лајциг сега надокнадува во само еден месец.

Откако пристигна во Торино на позајмица, Елмас постигна три гола. Последниот предмалку на гостувањето кај Парма каде неговиот тим во моментов води со 0:1. И тоа кој од кој поубав. И овој денешниот е ТОП што се вели, само како потврда дека Елмас буквално се препороди откако е во Торино.

Секако, ова за нас е супер вест пред стартот на квачификациите и дуелите на Македонија против Лихтенштајн на гостински терен и Велс на домашен во Скопје.

 

ПретходноКои тимови прават најмногу промени во Премиер-лигата?
СледноНотингем Форест со триумф против Сити (ВИДЕО)