Звучи неверојатно, но така е. Тоа е Вардар, тоа е големината на еден клуб како што е нашиот најтрофеен во историјата. Имено покрај Гоце Седлоски, актуелниот стратег на Вардар, уште шест клубови во моментов во ПМФЛ имаат за тренери поранешни играчи или тренери на Вардар.
Значи со Седлоски тоа се вкупно седум тренери. Тоа е повеќе од половина клубови кои играат сега во ПМФЛ.
Ајде да тргнеме со ред.
Гоце Седлоски (Вардар):
-Сегашен и поранешен тренер кој освојувал титули со Вардар, но и како спортски директор.
Александар Васоски (Силекс):
-Некогашен истакнат играч на Вардар и некогашен тренер кој има и една титула, таа од 2020 како стратег.
Горан Станиќ (Работнички):
-Некогашен играч на Вардар, кој сега е и селектор на У-21 репрезентацијата на Македонија.
Илчо Ѓорѓиоски (Струга ТЛ):
–Беше играч на “црвено – црните“, а како тренер му ја донесе титулата во таа сезона 2011/2012.
Срѓан Захариевски (Пелистер):
-Некогашен играч на Вардар, беше дел од златната генерација на тимот која за малку не се пласираше во групната фаза во ЛШ, а пред некој месец беше и тренер на Вардар.
Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш):
-Кавадарчанецот беше играч на Вардар во два наврати, од 2008 до 2009 и од 2011 до 2012 година.
Горазд Михаилов (Беса):
-Поранешен играч и тренер на Вардар минатата година, и тоа осум месеци.
Се чини дека Вардар повторно е во мода. Од друга страна тоа е и нормално, како најголем и најтрофеен клуб низ него продефилирале голем број играчи и тренери. Секој тренер во Македонија, сака да седне на таа жешка клупа на Вардар, но и најпосакувана во мак – фудбалот.
И за крај да кажеме дека и сегашниот селектор на Македонија, Благоја Милевски некогаш играше за Вардар, а во сезоната 2012/2013 како тренер ја освои и титулата со “црвено – црните“.