Три меча се на денешната програма во Првата лига. 21-то коло го отвараат Куманово – Шкупи, дуелот е закажан во 18 часот. По поразот во минатото коло од Феникс на гости, Марин Докузовски и неговите избраници имаат една цел, да се вратат на победничките патеки и да се задржат при врвот. На другата страна Шкупи е во долниот дел од табелат, па шансите за изненадување се мали.
Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје на гостински терен ќе ја бара 15-та победа оваа сезона за останување на лидерското место. Тимот од Аеродром има 32 бода, исто колку и ТФТ. Гевгеличани пак се под притисок во битката за освојување на бодови и задржување на шестото место. Мечот стартува во 19 часот, и истиот ќе биде реприза на финалето во Купот на Македонија. Во истиот термин, Тиквеш го дочекува Чаир.