“Никогаш не сум го видел Леброн вака среќен со Лука во тимот“!

2771

Во НБА, ама и воопшто во светот на кошарката и натаму се анализира, шпекулира, детализира за трејдот на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс. Словенецот наголемо се аклиматизира, му годи да игра во тандем со легендарниот Леброн Џејмс.

Од друга страна еден Кармело Ентони смета дека и Леброн и тоа како е среќен поради фактот дека до него во тимот е Дончиќ:

Никогаш досега не сум го видел Леброн вака среќен со Лука во тимот. Според мене сега улогите се променија. Сега Леброн ја презеде улогата на Дејвис, а својата улога му ја препушта на Лука. Ова е сега по првпат да гледаме како Леброн без проблем му ја препушта топката некому, во овој случај на Лука и со тоа е среќен, се чувствува пријатно додека Лука ја контролира играта на Лејкерси“ вели Кармело.

ПретходноВо Минхен почнува операцијата “Вирц“: Баерн добива помош од Саудиска Арабија!
СледноКако Милан, така и Интер: И шампионот губеше со 0:2, па победи со 3:2!