Ништо од Јунајтед, Чави ја откри посакуваната дестинација!

489

Нема потреба да се трошат зборови за Чави Хернандез како играч. Во својата играчка кариера освои се што требаше да се освои со Барселона и тоа го правеше постојано. Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот, а многумина дури и го сметаат за број 1 во тој поглед.

По играчката кариера на многу успешен начин ја започна и тренерската кариера. Прво тренираше во Ал-Сад, каде двапати ја освои катарската лига и Купот на Катар.

Неговите работни методи и тактички замисли не останаа незабележани, па се врати на својата прва љубов – Барселона, но во малку поинаква улога. На 6 ноември 2021 година, тој стана главен тренер на каталонскиот клуб и го замени Холанѓанецот Роналд Куман на клупата.

Во сезоната 2022/2023 ја освои шпанската Ла Лига, а во 2023 година го освои и шпанскиот Суперкуп. Имаше одличен почеток на тренерската кариера, но во април минатата година се му тргна надолу.

Поразите од ПСЖ во нокаут фазата од Лигата на шампионите и од Реал Мадрид во познатото Ел Класико ги поттикнаа гласините за негово заминување. Тие станаа очигледни на 24-ти мај кога претседателот на клубот Жоан Лапорта објави прекин на соработката меѓу двете страни.

После тоа, веќе десетина месеци Чави е без тренерски ангажман и ја чека вистинската шанса.

Многу се зборуваше за преземање на Манчестер Јунајтед, но тогаш клупата на „црвените ѓаволи“ ја презеде Рубен Аморим. Сепак, бидејќи на Аморим не му оди најдобро во клубот од Манчестер, се шпекулира дека Португалецот би можел да замине.

Меѓу другите, Чави се споменува и како потенцијална замена за Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед.

Но, како што стојат работите, Чави има други идеи во главата. Тој во интервју за „Франс фудбал“ откри која дестинација би сакал да ја посети следната во својата тренерска кариера.

„Зошто да не тренирам друг клуб во Шпанија? Барам амбициозен проект и тоа е моја желба, мојата цел е да освојувам трофеи“, изјави Чави.

Би било навистина чудно да се види Чави во кој било друг шпански клуб освен Барселона, но очигледно тоа е една од опциите на табелата.

ПретходноРоналдо до својот двојник: Не личиш на мене, грд си (ВИДЕО)
СледноТрамп е на чело на комитетот за Светското првенство 2026 година