По се изгледа дека ПСЖ брзо се врати на победничките патеки по оној шок во средата и поразот во ЛШ среде Париз од Ливерпул кога мест да биде 5:1 за “светците“, според шансите, беше 0:1.
И кога не можеа со Ливерпул, тогаш вечерва на гости кај Рен момците на Луис Енрике се “распукаа“ и победија со 1:4. Ова нека биде поука за Ливерпул дека во вторник нема да им биде лесно на „Енфилд“.
Но, да се вратиме на вечерашната средба во рамките на 25.коло во Лига 1. Прво Баркола во 27.минута стрелаше за 0:1, за да во 50.минута Рамош погоди за 0:2. Ренс успеа да намали на 1:2 две минути подоцна, но сепак Дембеле со два гола во судиското продолжение ги постави конечните 1:4.
Ова беше 20-та победа за ПСЖ, па така сега „светците“ имаат и пет ремија, засега во Лига 1 немаат пораз.