По вчерашниот пораз од Србија, во пријателски меч, нашата женска селекција и денеска беше со пораз од истиот противник со 28:35. И покрај поразот, Македонија денеска беше подобра во однос на вчерашниот пораз, но сепак и тоа не беше доволно да се дојде до уште подобар резултат. Значи две контроли и два порази од Србија за нашата најдобра женска селекција.
На денешниот меч нашите ракметарки немаа решение за Анѓушиќ која постигна десет голови.
Овие две пријателски во Бор, беа генерална проба за она што следува за нашата женска селекција, а тоа е двомечот со Полска на 16 и 19 април во квалификациите за СП.