Столе повторно резерва: Катастрофален кикс на Мамардашвили, ама Валенсија го победи Ваљадолид!

171

Ништо ново за Столе Димитриевски. И вечерва Македонецот остана на клупата на Валенсија, но ако му е за утеха, неговиот тим успеа да победи на “Местаља“ и тоа со 2:1 против Ваљадолид.

Секако дека Столе помисли нешто кога Грузиецот Мамардашвили во таа 40.минута, при водство на својот тим со 1:0, направи кататсрфален кикс и гостите преку Латаса успеа да израмни на 1:1. Големо беше разочарувањето кај домашните фанови при таа реакција на Мамардашвили.

Сепак Садик во 58.минута постигна гол за 2:1 за победа на Валенсија.

Па така сега по подолго време Валенсија и над опасната зона со реални шанси и тоа како да избори опстанок.

ПретходноТриумф на Астон Вила:Оли Воткинс го “скрши“ Брентфорд!
СледноКожув му се реваншираше на МЗТ Скопје