Како предигра за утрешниот меч од 22. коло од ПМФЛ шампионатот во Кратово каде што домаќинот Силекс ќе го пречека Вардар, и вчера но еве и денес во јавноста со соопштенија се огласуваат најпрво навивачката група на Вардар, Комити, а сега и ФК Силекс како домаќин односно организатор на мечот.
„Комити“ самоиницијативно се организираат да заминат во Кратово, како што тоа самите го објавуваат, но и дека по тој повод се во константна комуникација со ФК Силекс како организатор на мечот, и дека Кратовци ќе обезбедат оптимални услови за нивно гостување.
Сепак, денеска ФК Силекс со официјално соопштение демантира било каква комуникација усна, а и писмена коресподенција со навивачката група, но секако потенцираат дека на утрешниот меч во Кратово е добредојден секој.