На денешниот машку спуст одржан во Квитфил, повторно на пиедесталот се искачија тројца швајцарци.
Како по обичај во брзинските трки сезонава најдобар Фрањо Фон Алмен со време од 1:45:46, додека пак на втората позиција се пласираше неговиот сонародник Марко Одермат со заостанување од 28 стотинки.
На третата позиција пак застана Стефан Рогентин кој што пак зад првопласираниот задоцни 38 стоти делови од секундата.
Марко Одермат и натаму е на лидерската позиција во генералниот пласман пред Хенрик Кристоферсен и Лоик Меилард.