После историската партија Јокиќ „ладен како шприцер“ (ВИДЕО)

308

Никола Јокиќ пружи историска партија, го стори она што на никој не му успеа претходно во НБА-лига. Во победата на Денвер над Феникс (149:141) запиша трипл-дабл (31 поен, 22 асистенции, 21 скок) и стана првиот играч со 30+ поени и 20+ скокови и асистенции во еден натпревар.

Сите ширум светот му се восхитуваат, ова не можеше да го сокрие ниту американскиот коментатор Скот ван Пелт, кој прв разговараше со Србинот по ноќта за историја. Јокиќ изненади бидејќи беше „мртов ладен“.

„Никој никогаш не го направил тоа, не можеме да веруваме“, беше воведот на прашањето на двајцата коментатори.

Србинот само се насмеа на тоа: „Ви благодарам момци. Мислам дека ќе го видам сето тоа и ќе размислам кога ќе ја завршам кариерата. Тоа е еден вид наследство. Ќе биде убаво да го гледам кога ќе ја завршам кариерата. Кога седам на каучот и мислам дека одиграв прилично добар натпревар. Сега само размислувам како да се одморам и да се подготвам за серијата последователни натпревари“, е изјавата на Јокиќ.

ПретходноКако што и личи: Вардар “дрма“ со мак-фудбалот кога се во прашање тренерите!
СледноЛукаку: Во Англија им бев дебел, во Италија сум вреден работник на терен“