Тимот на Торино одигра 2:2 денеска во рамките од двата дуели од Серија А кои се играа во пладневниот термин. Нашиот репрезенаттивец Елиф Елмас погоди за водство на гостите, но Пелегрино израмни на 1:1 во 60. минута. Адамс повторно му донесе предност на гостинот но Пелегрино во 81. минута ги постави конечните 2:2.
Од друга страна пак, тимот на Венеција со гол во петтата минута од судиското продолжение преку пеналот на Гиткјаер успеа да израмни на 1:1 на гостувањето кај Комо и на тој начин да дојде до злато вреден бод. Претходно Иконе стрелаше за домшните.
На табелата Торино и Елмас се единаесетти, Парма е на место над зоната за испаѓање, додека пак Венеција со 19. бода сега и натаму како така се надева на осптанок.
⚽️ GOAL: Eljif Elmas
🇮🇹 Parma 0-1 Torinopic.twitter.com/KH0wNyliIp— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 8, 2025