Лукаку: Во Англија им бев дебел, во Италија сум вреден работник на терен“

143

Ромелу Лукаку вели дека и покрај тоа што многумина сметаат дека има вишок на килограми,  неговата идеална тежина е над 100 килограми.

„Во Интер имав 101 килограм, овде во Наполи 99. Но, мојата идеална тежина е 102. Никогаш не јадам наутро, држам строга диета. Во Англија бев погрешно разбран. Таму ме сметаа за мрзелив. Никогаш не одговарав на напади или критики. Зборувам многу малку, само дозволувам работите да се случат. Јас сум тој што си ја работи својата работа, а потоа оди дома кај своите деца. Во Италија мислењето за мене е сосема поинакво. Тие ме сметаат за вреден работник“, изјави за „Кориере дело Спорт,  напаѓачот на Наполи.

ПретходноПосле историската партија Јокиќ „ладен како шприцер“ (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Лидерот има тешко гостување кај Саса, во Кочани дерби на истокот, Победа ја дочекува Беласица