Вистински дерби дуел во „Билјанини Извори“, со неверојатно сценарио. ГРК Охрид имаше голема шанса да слави против Вардар 1961, водеше неколку пати со шест гола разлика, но не успеа да се снајде. На другата страна „црвено-црните“ на крилата на Васил Гогов и неговите 12 одбрани дојде до победа од 26-27.
Борозан со девет гола беше прв стрелец кај победникот, неколку беа во клучните моменти. На другата страна Орјоникидзе имаше 10 погодоци.
Помалку неочекувано, ГРК Охрид одигра одлично прво полувреме против Вардар 1961, за кратко време не само што го превзема водството (7-3), туку во 23-та минута успеа за првпат да поведе со плус пет (14-9), оваа разлика ја имаше минута подоцна (15-10), пред одморот беше и плус шест (16-10). Голем удел во оваа игра на охриѓани имаше и Ѓорѓески, кој имаше клучни одбрани кога неговиот тим ја градеше разликата.
После одморот, Вардар 1961 успеа да направи серија од 3-0 и да дојде на 16-14, но тоа не беше доволно за целосен пресврт. „Црвено-црните“ застанаа, на другата страна охриѓани се разбудија, во 44 минута повторно поведоа со нови плус шест (23-17), по тајм-аутот на Милано пропуштија шанса да го зголемат водството.
Вардар набрзина даде два гола и дојде на 23-19, но охриѓани најдоа начин да постигнат гол. Во 48-та минута, прво Јотиќ, а потоа Крстевски заработија по две минути исклучување, шанса за гостите, кои пак „кликнаа“ подоцна. Вардар сериозно се закани бидејќи во 59-та минута успеа да поведе за првпат на мечот со 26-27. Причината за кам-бекот на „црвено-црните“ е Васил Гогов, кој блескаше на голот на противникот. По грешката на гостите да зголемат на плус два, ГРК Охрид имаше напад за реми, Јотиќ од слободен удар не успеа да донесе барем бод.
Во последниот меч од ова коло, Пролет славеше против Радовиш со 23-19.