Тимот на Нотингем Форест дефинитивно сезонава игра на врвно ниво. Овој тим им се спротивстави ама буквално на сите во Премиер лигата, а денеска обезбеди 1:0 победа на домашен терен против тимот на Манчестер Сити.
Единствениот гол на овој меч го постигна Хадсон Одои во самиот финиш на мечот, а останува дилемата дали голманот на Сити, Едерсон можеше во дадената ситуација да реагира подобро.
Со овој триумф, Н.Форест се здоби до 51. поен и третото место на табелата, додека Сити остана на своите 47. досега и место подолу.