Ванда Нара од Икарди бара половина милион евра месечно! И тоа не е се!

259

Првото рочиште за разводот е закажано за 11 март во Милано. Се очекува присуство на голем број медиуми, бидејќи Ванда и Мауро таму не се обичен пар и затоа ова нема да биде обична тужба.

Во пресрет на првото соочување на суд, пристигнуваат информации што бара Ванда. Аргентинката, позната по својот екстравагантен начин на живот, бара неверојатни половина милион евра месечно како финансиска отштета. Според неа, оваа сума пари ќе и овозможи да го задржи луксузниот начин на живот на кој беше навикната за време на бракот со Мауро.

Поранешната водителка на една аргентинска телевизија ги оправдува своите високи барања со животен стандард кој вклучува чести патувања со приватен авион меѓу Европа и Аргентина, луксузен начин на живот во хотели, скапа облека…

Додека Ванда се концентрираше на финансискиот дел од разводот, Мауро Икарди започна сопствена правна битка за старателство над нивните две ќерки Франческа и Изабела. Икарди, моментално член на истанбулски Галатасарај, сака неговите ќерки да бидат со него.

Се разбира, битката за ќерки и пари не е единствената област каде што сега веќе бившиот пар ќе се судри. Има и дел поврзан со недвижен имот. Според италијанските медиуми, Ванда преку нејзината менаџерска агенција која раководела со кариерата на Икарди, има контрола над луксузниот стан во Милано и вилата во близина на езерото Комо.

И двајцата очигледно лесно го пребродија распадот на бракот. Мауро е во врска со колешката Аргентинка, актерката и модел Кина Суарез. Ниту Ванда не сакаше да остане дома и да плете. Таа набрзо најде утеха во врската со аргентинскиот рапер Л-Генте.

Бракот меѓу Ванда и Мауро од самиот почеток имаше статус „латино сапуница“.

На крајот, сè што ни останува е да го следиме натамошниот развој на оваа приказна со грицки и сокови.

ПретходноУште еден кикс на Ајнтрахт, Унион со екстра гостински бодови
СледноРеал сигурен против Рајо на свој терен (ВИДЕО)