Го „откорна“ од пцуење судијата, па сега го чека суспензија од 12 натпревари!

325

Фудбалерот на Атлетико (М), Анхел Кореа се соочува со суспензија од 12 натпревари, по изливот на вулгарности кон судијата на денешниот меч со Хетафе, кој мадридскиот клуб го загуби со 2:1.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид доби црвен картон во 88. минута, а откако беше исклучен, го навредуваше судијата Куадра Фернандез со непристојни зборови. Судијата неговите зборови ги запишал во протоколот.

„Во 88. минута, Анхел Кореа беше исклучен, а откако му покажав црвен картон, дотичниот играч ми се обрати со следниве зборови: „Курвин син, шупак, „да ти ја е*** мајката“, напишал Фернандез во извештајот.

Според член 94 од Општиот правилник на Федерацијата, „навреда, напад или навредливо обраќање кон главниот судија, неговите помошници, четвртиот судија, директорите или спортските власти, освен ако не е посериозен прекршок, се казнува со исклучување од четири до дванаесет натпревари“.

Ако му се додели минимална казна, Кореа најверојатно ќе ги пропушти двата меча против Барселона во Ла Лига и во Копа дел Реј.

ПретходноВинисиус повторно „пожолте“: 30 жолти картони за четири сезони!
СледноХаос во Белгија поради враќањето на Куртоа, друг репрезентативец ја напушти репрезентацијата