Денеска во Кратово од 14 часот, во меч од 23.коло или прво во третиот круг сезонава во ПМФЛ, се игра дербито меѓу Силекс и Вардар. Ова е нивни 79. меѓусебен меч во историјата. Досега Силекс има само 20 победи, Вардар 39 а 19 завршиле без победник. Гол разликата е 78:113 во корист на скопските “црвено – црни“.
Ова е едно од најголемите ривалства во историјата на ПМФЛ, а се започна со она што се случуваше во средината на деведесетите години од минатиот век.
Толку за историјата, да се вратиме на сегашноста. А таа вели дека Силекс е во битка за титулата а Вардар посакува што побргу и дефинитивно да побегне од опасната зона. Ова е меч кој фановите на двата клуба со нетрпение го очекуваат, секој од свои причини.
Јасно е дека денеска во Кратово ќе се бие голема битка. Јасно е дека притисокот е на страната на домашните кои не смеат да си дозволат пораз, а доаѓа еден Вардар кој оваа пролет и тоа како игра добро, игра квалитетно и победува.
Ова ќе биде уште еден тренерски дуел меѓу Александар Васоски и Гоце Седлоски, и двајцата некогаш беа заедно во стручниот штаб на Вардар, но тогаш Гоце му беше шеф на Васоски. Пред две десет дена во 1/4 финалето во Купот на Македонија на Арената во Скопје, Седлоски го победи својот колега Васоски, тогаш беше 1:0 за Вардар.
Вардар има намера да одигра уште еден квалитетен меч, да покаже и докаже дека заслужува место погоре на табелата, а до таму се стига само со освојување на бодови, а тоа Вардар и го прави оваа пролет.
Секако дека очекуваме возбудливо дерби, интересно и квалитетно.
Тоа Силекс и овој Вардар и тоа како го можат.