Работнички ја освои Битола, го доби дербито со Пелистер

115

Екипата на Работнички дојде до 12-та победа во Првата лига, откако славеше на гости кај Пелистер со 83-90 во последниот меч од 19-то коло.

Со новите бодови, Работнички е на делба на третото место со Куманово, додека пак Пелистер останува шести.

Јулиан Роуч со 18 поени и 12 скока беше прво име, зад него беше Стојан Ѓуроски со 16 поени, Дамјан Робев имаше 15. На другата страна Мишковиќ имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 скока.

Првата четвртина мина во знакот на домашниот тим, кој имаше девет поени предност (25-16) пред истекот на десетата минута. Во следниот период водството се менуваше, па гостите успеаја на одморот да заминат со минимална позитива од 41-42.

Работнички во третата четвртина ја имаше доминација, во втората половина од овој период дојде на плус 14 (52-66), додека во последните десет минути влезе со двоцифрени 56-66. Битолчани се обидуваа да се вратат во мечот, на момент спуштија на осум поени разлика, но „црвено-белите“ беа цврсто решени дома да си заминат со целиот плен.

ПретходноБетис реди победи и се појасно гледа кон Европа (ВИДЕО)
СледноВинисиус повторно „пожолте“: 30 жолти картони за четири сезони!