Хаос во Белгија поради враќањето на Куртоа, друг репрезентативец ја напушти репрезентацијата

1502

Белгискиот голман Коен Кастелс одлучи да ја напушти репрезентацијата поради незадоволство од враќањето на Тибо Куртоа во националниот тим. Куртоа претходно се повлече од репрезентацијата по несогласувањата со поранешниот селектор Доменико Тедеско, но сега изрази желба да се вративо тимот под водство на новиот селектор Руди Гарсија.

Кастелс ја критикуваше одлуката на Фудбалскиот сојуз на Белгија да го врати Куртоа, наведувајќи дека тоа не е во согласност со вредностите на тимските спортови и стандардите на спортската организација.

„Чудно ми е што тој (Куртоа) може сам да одлучи дали сака да се врати или не, а уште почудно ми е што самата федерација се предомисли и му посла црвен тепих и го пречека со раширени раце“, изјавил тој.

Оваа ситуација предизвика тензии во тимот, а Кастелс истакна дека многу играчи го делат неговото незадоволство од враќањето на Куртоа.

ПретходноГо „откорна“ од пцуење судијата, па сега го чека суспензија од 12 натпревари!
СледноЛејкерс без Леброн скоро до крајот на март?