Аталанта го понижи Јувентус во Торино

69

Фудбалерите на Аталанта го нокаутираа Јувентус со 4-0 на гостински терен во Торино. „Божицата“ му нанесе понижувачки пораз на тимот на Тиаго Мота, кој полека го троши трпението и на навивачите и на управата.

Матео Ретеги погоди од пенал во 29. Минута за водство од 0:1, што беше почеток на колапсот на Јувентус. Домашниот тим делуваше немоќно, па второто полувреме му донесе целосна пропаст. Мартен де Рон погоди за 0:2, а по него и Запакоста и Лукман се запишаа во листата на стрелци за тотален дебакл на „Старата Дама“.

Аталанта вечерва ја зголеми предноста во однос на Јувентус, а се наоѓа на третото место во Серија А со 58 бодови, шест повеќе од тимот од Торино.

ПретходноЛејкерс без Леброн скоро до крајот на март?
СледноТрето полувреме во Кратово: Инцидент и црвен картон за Васоски (ВИДЕО)