Тимот на Гетафе приреди изненадување попладнево откако на свој терен го совлада фаворизираниот тим на Атлетико Мадрид со конечни 2:1. Навидум, мечот кој што треваше да заврши без голови, со оглед на фактот дека истите ги немаше до 75. минута, се претвори во тотален хаос во последните минути па истито заврши со триумф на домашните и три постигнати гола.
Најпрво, што е уште поинтересно, Атлетико дојде до предност преку Сорлот кој што реализираше пенал. Во 86. минута Кореа доби црвен картон, а само минута потоа Арамбари израмни на 1:1. Во втората минута од продожението истиот играч погоди по втор пат и му донесе на Гетафе големи три бода.