Го нокаутира Ѓоковиќ, па напиша интересна порака на камерата!

720
Фото: BNP Paribas Open @BNPPARIBASOPEN

Ботиќ ван де Зандшулп го совлада Новак Ѓоковиќ со 6:2, 3:6, 6:1 во второто коло на овогодинешниот Мастерс во Индијан Велс. За холандскиот тенисер, кој е на 85. место на АТП-листата, тоа беше прва победа над српската ѕвезда и еден од најдобрите тенисери досега.

Ван де Зандшулп по дуелот на камерата напиша напиша „Lucky Loser“ и додаде насмеано лице. „Среќен губитник“ се однесува на тенисер кој загуби во квалификациите, но сепак влезе во главниот настан на турнирот благодарение на повлекувањето на еден од неговите натпреварувачи.

Во првото коло од квалификациите го победи Словакот Лукас Клајн и загуби од Италијанецот Матео Гиганте. Бидејќи Факундо Дијаз Акоста се повлече од главниот ждреб на турнирот, Холанѓанецот сепак доби шанса. Во првото коло го победи Австралиецот Ник Киргиос кој му го предаде мечот во вториот сет поради повреда на зглобот. Во третото коло ќе игра против 26.пласираниот во светот, Аргентинецот Франциско Черундоло.

 

ПретходноДерби во Кратово: Силекс VS Вардар и нов тренерски дуел Васоски – Седлоски!
СледноДарио Ивановски сребрен во Атина