Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски дојде до нов одличен резултат. Ивановски го освои второто место на полумаратонот на Балканското првенство кое се одржува во Атина.
Нашиот најдобар атлетичар на долги патетки делницата од 21.097 километри ја истрча за време од 1:05.19 час што пак му донесе србрен медал во главниот грчки град.
На Балканското првенство учествува и Адријана Поп Арсова.