Дончиќ го доживеа првиот пораз со Лејкерс, но то не е единствената лоша вест (ВИДЕО)

1177
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа нивните најголеми ривали и актуелни шампиони во НБА, Бостон Селтикс. Бостон им нанесе пораз на Лејкерс од 111:101 и со тоа ја прекина нивната серија од осум победи. По тензичното прво полувреме, натпреварот го реши одличната трета четвртина на Селтикси кои ја добија со 29:13 и со тоа дојдоа до недостижни 20 поени разлика.

Џејсон Тејтум постигна 40 поени, 12 скока и осум асистенции. Имаше и две украдени и една блокада. Го следеше Џејлен Браун со 31 поен и шест скока, како и две асистенции, украдена топка и блокада.

Лука Дончиќ беше најдобар стрелец кај Лејкерси со 34 поени и осум скока. Леброн Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 22 поени, 14 скока и девет асистенции. Потенцијален проблем за Лејкерси е фактот што Леброн се повреди на средината на четвртата четвртина. Тоа е истегнување на препоните, и иако тој самиот рече дека не е ништо сериозно, можно е да пропушти неколку натпревари.

Шарлот Хорнетс – Бруклин Нетс 105:102

Хјустон Рокетс – Њу Орлеанс Пеликанс 146:117

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 120:118

Торонто Репторс – Вашингтон Визардс 117:118

Мајами Хит – Чикаго Булс 109:114

Милвоки Бакс – Орландо Меџик 109:111

Голден Стејт Вориорс – Детроит Пистонс 115:110.

ПретходноЕвертон со бод на гости кај “волците“
СледноДон Карло: Перез не бара ништо специјално од мене, освен победи и титули!